Направете сами чоколаден ликер

Ниските температури се совршени за седење дома под ќебе и конзумирање вкусни пијалоци. За таа пригода овој пат наш предлог е да направите вкусен и ултра лесен за подготовка – чоколаден ликер.

Состојки:

  • 100 gr темно чоколадо
  • 100 gr млечно чоколадо
  • 100 ml млеко
  • 150 ml Key Rum

Растопете го чоколадото во сад на пареа. Мешајќи додадете ги млекото и румот. Смесата ставете ја во фрижидер за да добие погуста структура. Доколку ви е премногу густо, додадете рум, млеко или вода по ваша желба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*