Затоплете се со ликер од ментол

Ниските температури се вратија. Принудени сме да седиме во затоплени простории и да се релаксираме и забавуваме во домашни услови. И не е тоа воопшто лошо, особено кога се топлиме во прегратките на најблиските.
За опуштањето да биде комплетно предлагаме рецепти за коктели на база на ликер од ментол, за кој се вели дека е одличен загревач на организмот и еден од најдобрите релаксатори на умот и телото. Овие коктели се прават едноставно, брзо.

After Five (shooter)

Состојки:

  • 15ml Бадел Ментол Ликер
  • 15ml Ирски ликер
  • 15ml Ликер со вкус на кафе

Подготовка:
Во мала чаша, за шот, супиваме прво ликерот со вкус на кафе, потоа ирскиот ликер, и на крај одозгора го ставаме Бадел Ментол Ликерот. Послужуваме, наздравуваме, уживаме!

Chocolate Kiss

Состојки:

  • 45ml Бадел Ментол Ликер
  • 15ml Ликер со вкус на кафе
  • Топло чоколадо
  • Шлаг пена

Подготовка:
Бадел Ментол Ликер и ликерот со вкус на кафе ги сипуваме во стаклена шоља за кафе. Претходно подготвеното топло чоколадо го сипуваме во шољата и добро промешуваме. На крај, одозгора декорираме со шлаг пена и со цимет или чоколадни трошки. Послужуваме и уживаме во бакнежот од ментолот и чоколадото.

Iceberg

Состојки:

  • 20ml Бадел Ментол Ликер
  • 60ml Vigor Vodka Classic

Подготовка:
Водката и ликерот ги ставаме во шејкер заедно со мраз. Протресуваме убаво да се измешаат. Коктелот потоа го сипуваме во висока чаша за коктел, која е претходно оладена. Декорираме со парче лимун по желба. Послужуваме и оставаме минтот да не релаксира.

Пријатно уживање и опуштање. Бидете стоплени! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*