Никогаш не пропуштаме прилика кога има можност да се маскираме во омилениот супер херој или омилен лик од филм/серија. Па така оваа Ноќ на вештерките, решивме да ги замаскираме и коктелите кои се идеални за најстрашната вечер во годината. 🦇
Morgue-A-Rita
Рецептот за маргарита е всушност ист, но трикот е во декорацијата.
Подготовка:
- 2 cl свежо цеден зелен лимон
- 3 cl Triple Sec
- 4.5 cl Tres Sombreros Silver Tequila
- Сол
- црвена боја за храна
Ставете ги сите состојки во шејкер полн со мраз и протресете за да се измешаат состојките. Во сад ставете ја солта и додадете ја црвената боја. Промешајте убаво за солта да добие црвена боја. Со смесата декорирајте ги чашите и послужете.
Dark and Stormy
Подготовка:
- 6 cl Sax Gin
- 1 cl сок од калинка
- 1.5 cl шеќерен сируп
Во шејкер со мраз ставете ги состојките и добро промешајте. Сервирајте во висока чаша и по можност, декорирајте со коцка сув мраз која ќе даде ефект на чад на коктелот.
Black Masquerade
Подготовка:
- 4.5 cl Vigor Vodka
- 6 cl сок од црна рибизла
Ставете ги состојките во шејкер со мраз и промешајте добро. Сервирајте во високи чаши за мартини.
Lurid Lemonade
Подготовка:
- 4.5 cl Vigor Vodka
- 8 cl сок од лимон
- активен јаглен (активниот јаглен му дава црна боја на коктелот)
Во чаша со мраз промешајте ги водката и сокот од лимон. На крај додадете малку активен јаглен и мешајте додека коктелот не добие темно црна боја.
Уживајте. 🦇🦇🦇