Се одржа јубилејното 10-то издание Vigor Barmen Cup

Изминатите два дена, 2 и 3 октомври, во Охрид се одржа јубилејното десетто издание на Vigor Barmen Cup, култното коктел натпреварување кое сè повеќе успева да ја доближи коктел културата до широката публика.

Натпреварот се одржа во категоријата „класика“ и првото место го освои Даниел Новиќ со неговиот коктел „Руби Буби“.

Второто место му припадна на коктелот „Кики“ подготвен од Васил Пеевски, а третото место го зема Саше Мирчески со коктелот „Егзотик Ем“.

Подготовката на коктелите се одвиваше под будното око на трите члена од стручното жири. Хрвоје Тандара, бренд менаџер на Бадел 1862 Хрватска, Марио Мајцен, повеќекратен хрватски шампион во флер категорија, и Анте Жиго, основач на Сплитското здружение на бармени, внимателно ги оценуваа вкусот, бојата, изгледот на коктелот, како и претпазливоста и стручноста на мајсторите при подготовката.

За време на натпреварувањето публиката имаше можност да ги дегустира подготвените коктели. Водителот Мартин Трпчевски, освен што беше задолжен да ги бодри натпреварувачите и да ги забавува гости, одлучи и самиот тој да ги испроба своите способности за подготовка на коктел.

Vigor Barmen Cup 10 години по ред интензивно работи на подигнувањето на коктел културата во Македонија на врвно ниво. Секое ново издание на овој значаен настан е одлична можност за бармените да научат нова техника, нов рецепт, или пак да се истакнат со своите врвни мајстории и способности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*