Ликер со Нутела и Vigor Vodka

Секогаш кога ќе се спомне Нутела во стомак се појавуваат посебен вид пеперутки. Нема сомнеж дека Нутелата е едно од омилените слатки задоволства. Одговара совршено со речиси секое јадење. Нема каде не може да се вметне како состојка.

Ние ја вметнавме во течно, кремасто задволство – ликер! Просто е неверојатно како едно мало колечство пијалок може да ве разгали со својот вкус.

Нема потреба да опишуваме повеќе. Само го споделуваме со вас рецептот за ликерот соводка и Нутела и оставаме на вас да пробате и да ни пренесете свои искуства.

Состојки:

  • 210gr Нутела
  • 500ml Vigor Vodka Classic
  • 100gr шеќер
  • 290gr шлаг од ванила

Подготовка

Во сад за варење ги ставаме Нутела кремот и шекерот. Ги ставаме на тивок оган и полека го додаваме и шлагот, мешајќи цело време. Ја оставаме смесата на оган до пред да почне да зоврива. Потоа ја тргаме и оставаме да се олади на собна температура.

Откако ќе се олади ја додаваме водката и мешаме. Според желба, може да се додаде повеќе или помалку од препишаната доза водка. Ликерот потоа го ставаме во шише и го чуваме неколку дена во фрижидер.

Послужуваме во чаша по сопствен избор. Доколку користите мартини чаша, советуваме врвот на чашата да го извалкате претходно во Нутела и дробени кекси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*