Знаеш да правиш коктели? Пријави се на Vigor Barmen Cup 2018

Имаш пасија за правење коктели или неостварена желба да бидеш коктел мајстор? Значи тебе те бараме! 🙂

Веќе најавивме дека 2 и 3 октомври се денови резервирани за Vigor Barmen Cup 2018, најголемиот натпревар во подготвување коктели во Македонија. Принципиелноста и објективноста на судиите кои ги оценуваат коктелите и нивните мајстори се добро познати во коктел-круговите во Македонија, и токму затоа да се добие титулата Најдобар коктел мајстор не е само престиж, туку и големо признание за стручноста и мајсторлакот на победникот.

Оваа година славиме 10 години Vigor Barmen Cup, па затоа бидете сигурни дека ова ќе биде натпревар вреден за паметење.

Но, Vigor Barmen Cup не е само натпревар. На Vigor Barmen Cup се склучуваат нови пријателства, се разменуваат неверојатни искуства, се учи и дознава нешто ново од светот на коктелите, се создава искрено позитивна атмосфера во која подеднакво уживаат и натпреварувачите и публиката.

Без разлика дали си почетник или напреден коктел мајстор, пријави се на Vigor Barmen Cup 2018 и здобиј се со уште едно незаборавно искуство.

Смисли го уникатниот рецепт за коктел, пријави се на следниот линк и не заборавај да ги прочиташ и правилата за учество. Целосната листа на пијалоци може да ја погледнете тука.

Сите оние кои сакаат да ја збогатат атмосферата на Vigor Barmen Cup, ги чекаме на 2 и 3 октомври во прекрасниот Охрид на Cuba Libre Beach.

Се гледаме на Vigor Barmen Cup 2018!

P.S. Дојдете на време за да си обезбедите подобро место за гледање и уживање во коктелите 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*