Летото е одличен период кој е како создаден за уживање во освежителни коктели со џин. И тоа не било кој џин, туку Sax Gin. 😉
Во продолжение ви носиме неколку од нашите омилени коктели со џин тоник.
Watermelon Gin and Tonic
Состојки:
- 30 gr лубеница
- 25 gr шеќер
- сол
- 2 cl Sax Gin
- 3 cl тоник
- 3-4 лажици шеќерен сируп од лубеница*
Во блендер ставете ги лубеницата и шеќерот и блендирајте додека не се соединат состојките. Во чаша ставете од шеќерниот сируп од лубеница, џинот и тоникот и додадете ја смесата од блендерот. Промешајте и декорирајте со парче лубеница.
*За шеќерниот сируп од лубеница потребни ви се 3 полни чаши со коцки од лубеница, 1 чаша шеќер и пола чаша вода. Сите состојки ставете ги во сад, оставете ги да зовријат и мешајте добро за да се соединат. Оставете ја смесата да се олади, процедете и го имате вашиот сируп.
Pineapple Gin and Tonic
Состојки:
- 5 cl Sax Gin
- 6 cl сок од ананас
- тоник
- зелен лимон
Наполнете ја чашата со мраз и додадете го џинот и сокот од ананас. Чашата дополнете ја со тоник. Исцедете половина зелен лимон и добро промешајте. Декорирајте со парче зелен лимон.