Има ли нешто поубаво од тоа да се спојат две супер вкусни состојки во производ кој ќе пружи фантастично уживање? Нема 🙂
За претстојните денови наш предлог за освежување и уживање:
Сладолед со Vigor Vodka
Состојки:
- 1 кутија сладолед од ванила
- 75ml Vigor Vodka Classic
- 100gr парчиња овошје по избор – праска, ананас, банана
- Кокос
- Чоколаден прелив
Подготовка:
Во блендер ги ставаме сладоледот и Vigor Vodka. Мешаме убаво. Потоа смесата ја ставаме во кутија. Ги истураме во неа парчињата овошје и промешуваме со лажица. Кутијата ја ставаме во замрзнувач и оставаме да се стегне сладоледот. Послужуваме во мали чинии за сладолед. Посипуваме со кокос и чоколаден прелив.
Навистина вкусно, нели? 🙂