Летото е одлично за експериментирање со разни овошни вкусови на коктели поради изобилството на овошје кое ви е достапно во овој период од годината.
Денес предложуваме една интересна водкаста комбинација со малини и лубеница која со сигурност ќе ве освежи на овие високи температури.
Потребни состојки:
- 5 cl Vigor Vodka
- 200 gr исчистена лубеница
- 100 gr малини
- 1 лажица сок од лимон
- 3 cl вода
- мраз
- засладувач по желба
Во блендер ја ставате водката лубеницата, малините, сокот од лимон, мраз и блендирате додека не се соединат состојките. Додадете вода доколку не сте задоволни од постигнатата густина. Сервирајте во висока чаша полна со мраз, декорирајте со парче лимон и сервирајте.