Џинот во филмската култура #1

Џинот има богата историја, се појавува во поезијата, романите, па дури е и инспирација зад некои од најпознатите филмски фрази. Направивме листа од неколку од нашите омилени филмски сцени со џин во главната улога.

1. The Great Gatsby

The Great Gatsby е филм кој изобилува со раскош, убавина, забави и секако, многу алкохол. Со оглед на тоа што се верува дека на авторот Ф. Скот Фицџералд омилен пијалок му бил токму џинот, не е никакво изненадување што често се појавува и во неговите дела.

Коктелот Gin Rickey се појавува во една сцена каде Дејзи бара од Том, нејзиниот сопруг, да направи ладен пијалок во кој потоа уживаат со Гетсби.

Рецепт за Gin Rickey:

  • 50 ml Sax Gin
  • 1 зелен лимон
  • газирана вода

Во висока чаша ставете мраз и додадете го џинот. Сокот од зелениот лимон ставете го во чашата заедно со парчињата зелен лимон. На крај додадете ја киселата вода.

2. Casablanca

Претпоставуваме дека ја памтите култната сцена каде што Рик и вели за Исла, „Од сите места за џин, во сите градови, низ целиот свет, таа влегува во мојот“ (Of all the Gin joints, in all the towns, in all the world, she walks into mine). Најверојатно во најпретпознатливата филмска сцена со бар, главниот лик нарачува French 75.

Рецепт за French 75:

  • 50 ml Sax Gin
  • 15 ml сок од лимон
  • 7,5 ml шеќерен сируп
  • Römer Krönung пенливо вино

Ставете џин, сок од лимон и шеќерен сируп во шејкер со мраз. Добро протресете и сипете ја течноста во чаша за шамшањ. Додадете шампањ и декорирајте со кора од лимон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*