Џинот е одлична пијачка за летниот период. Најчесто се конзумира со тоник, зелен лимон и мноогу, многу мраз. Токму она што се бара во топлите, летни денови.
Пробавме неколку начини на пиење џин кои не бараат многу време и состојки за подготовка.
Џин тоник со зелен лимон и нане
Рецептот за џин ако веќе не го знаете на памет, тука сме да ве потсетиме.
- 15 cl тоник
- 6 cl Sax Gin
- зелен лимон
- мраз
Сега кога ја имате основата, опциите се бесконечни.
Првата комбинација ја направивме со зелен лимон и нане. Го сечете зелениот лимон на 4/4. Земате една четвртина и ја сечете на половина. Сокот од едната половина го цедите и го ставате во чашата заедно со другата половина. Ги додавате сите состојки и на крај ставате три ливчиња нане. Промешувате убаво за да може нането да ја пушти својата арома.
Џин тоник со краставица
Доколку не сте ја пробале оваа верзија на џин тоник, препорачуваме веднаш да го направите тоа.
Краставицата дава еден навистина освежителен вкус и мирис на џинот во кој сме сигурни дека ќе уживате.
Едноставно е, излупете неколку ленти од краставицата и ставете 2 ленти во вашата чаша. Најдобро е да ги употребите лентите од средината на краставицата, кај семките, бидејќи во тој дел краставицата испушта највеќе од својот вкус и арома.