ЖКК Бадел 1862 се закити со плакета од Општина Кисела Вода

Со особена гордост сакаме да ја споделиме со вас прекрасната вест: женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 денес доби плакета од општина Кисела Вода како признание за несебичната поддршка за промоција и развој на спортот во општината.

Одбележувајќи го својот 63ти роденден, општината одржа свечена седница на Советот на Општина Кисела Вода на која беа поканети голем број гости, меѓу кои и генералниот директор на Баско Трејд 2014, Љупчо Павловски кој со неизмерна чест и благодарност ја прими плакетата од градоначалникот на општината Филип Темелковски.

Г-дин Љупчо Павловски заедно со градоначалникот Филип Темелковски

Плакетата која ја доби ЖКК Бадел 1862 претставува дополнителна мотивација за сите членови на клубот да продолжат преку своите фантастични успеси да ги мотивираат сите млади да се вклучат во овој динамичен спорт кој овозможува правилно развивање и преку кој сите заедно вистински ќе се насочат кон спортски и лични успеси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*