Почетокот на производство на џинот датира уште од 18ти век, меѓутоа светската популарност и слава ги стекнува во последните неколку декади.
Тоа што е помалку познато за џинот е дека иницијално бил произведуван како напиток со моќни лековити дејства, и во среден век бил своевидна форма на растителна медицина. Плодовите од смрека кои се основата на џинот се одлични за спречување на срцеви заболувања, заболувања на бубрезите и црниот дроб, појава на инфекции, како и за подобрување на циркулацијата на крвта.
Денес, џинот се вбројува во пијалаци кои можат да помогнат и за младешки и поздрав изглед на кожата, секако доколку се консумира во умерени количини.
Во продолжение ги издвојуваме најголемите здравствени придобивки од пиење џин.
- Плодот на смреката има супер моќи
Токму овие супер моќи помагаат во спречување на тешки срцеви заболувања и инфекции.
- Повеќе оксиданси, помалку брчки
Плодовите од смрека изобилуваат со антиоксиданси кои го стимулираат процесот на регенерација на кожата овозможувајќи истата да го задржи својот младешки и нежен изглед.
- Малку калории, големо уживање
Џинот е пијалак кој има најмал број на калории – 97 во еден шот. Плодовите од смрека го зголемуваат бројот на ензими кои помагаат за побрзо и полесно варење на храната и со тоа позитивно влијаат на дигестивниот систем. Токму ова дејство ја спречува подуеноста која се јавува како резултат на лошото варење на храната.
- Подолг и посреќен живот
Пиењето џин во умерени количини помага за зачувување на здравјето на срцето и црниот дроб. Токму тоа дејство на плодовите на смрека го продолжува животот – една од најголемите придобивки на џинот.
- Џин за здрави коски
Здравствените супер моќи на плодовите на смрека во комбинација со лековитото дејство на алкохолот кој се става во џинот, се одличен третман за хронични болки и воспаление кај коските како кај артритис.
- Ги победува настинките
Плодовите од смрека содржат масло кое фантастично го разредува секретот кој се создава при настинки. Дополнително, токму тоа масло помага за полесно и подобро работење на белите дробови. Во комбинација со други лековити растенија, како ѓумбир, џинот станува одлична заштита од вирози и грип.
Како што препорачуваме секогаш: пиј малку, пиј добро. А со малку Sax Gin можете да дојдете до многу подобро здравје.
На здравје 🙂