Овошно мохито со лубеница

Во летните денови имаме шанса да уживаме во освежителниот вкус на лубеницата. Па наместо да ја конзумирате само во овошна салата, еве идеја како да ја претворите во освежителен пијалок.

Состојки:

  • 30 листови свежо нане
  • 3-4 дебели парчиња лубеница
  • 35 cl Key Rum
  • 1/2 чаша шеќерен сируп
  • 3 парчиња зелен лимон

Користете толчник за да ги истолчите лисјата од нане. Отстранете ги кората и семките на лубеницата и ставете го овошјето во процесор за храна и блендајте додека не добиете пире смеса. Ставете го нането во чаша со 2 лажици пире од лубеница, додадете рум, шеќерен сируп, сок од зелените лимони и промешајте за да се соединат состојките.

Ставете коцки мраз во 6 чаши и истурете ја смесата во чашите. Украсете со листови свежо нане и парче од лубеница. Послужете ладно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*