Сангрија рецепт за летно освежување

Сангријата е задолжителен пијалок за високите температури кои следат. Комбинацијата на црвеното вино со аромата на овошјето, допринесува кон освежителен вкус кој ги буди вашите сетила.

Секако, идеално би било да пиете чаша сангрија на некоја плажа во Шпанија, но доколку околностите не ви го дозволуваат тоа, во продолжение го имате рецептот за сангрија во која може еднакво добро да уживате и дома во добро друштво.

Состојки:

  • 2 чаши овошје – тука може да ставите портокал, лимон, јаболко, круша, сливи…
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 чаша Badel Prima Brand
  • 2 шишиња црвено вино
  • мраз

Во бокал ставете ги овошјето, шеќерот, Badel Prima Brand и промешајте. Ставете го бокалот во фрижидер да отстои 6 до 8 часа. Додадете го виното и промешајте. Слушете во чаши полни со мраз.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*