Коктели со кафе

Од кога ги приготвивме Кремастите коктелите со Stock Crema 84, едноставно не можевме да одолееме и да не направиме уште една тура кремасти коктели, но овој пат со база на кафе.

Iced Coffee

Состојки:

  • 1 доза еспресо
  • 10 cl Stock Crema 84
  • мраз

Во висока чаша полна со мраз ставете го кафето и Stock Crema 84. Промешајте добро и уживајте.

Espressito

  • 5 cl Stock Crema 84
  • 2.5 cl еспресо
  • 2 лажици шеќер
  • неколку листови нане
  • кршен мраз

Шеќерот и листовите нане ставете ги во висока чаша и истолчете ги. Додајте Stock Crema 84 и мраз и добро промешајте. Следно, додадете го еспресото, уште малку мраз и повторно промешајте. Декорирајте со нане и послужете.


Постирано во Brandy.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*