Понеделничко коктел опуштање

Има ли некој кој се радува на понеделник? Слабо, нели? 🙂

Вообичаено секој мечтае да го помине понеделник подолго под ќебе, да излезе на денска средба со пријателите во парк, или да си посвети внимание на себе.

Ние овој понеделник го искористиве за да откриеме нови сповршени споеви на Баделовите пијалоци кои ќе ви овозможат комплетно уживање.

За опуштена работна недела предлагаме денес да наздравите со некој од овие коктели.

Essien Rock Fizz

Експлозивен спој на сјај и пенливост.

Состојки:

  • 25ml Vigor Vodka Classic
  • 25ml Малибу
  • 100ml сок од портокал
  • 100ml сок од боровница
  • 1 парче лимон

Подготвка

Висока чаша за коктел ја полниме три четвртини со коцки мраз. Ги додаваме сите состојки и промешуваме. На крај декорираме со парчето лимон и една цевка.

 

North African Nutmeg

Егозтичен и лесен коктел со уникатно спојување на ароматични вкусови.

Состојки (за 6 послужувања):

  • 140ml Vigor Vodka Classic
  • 60ml ликер од малина
  • 60ml сируп од шеќер и вода
  • 740ml ејл од ѓумбир

Подготовка:

Во голем сад за коктели ставаме коцки мраз. Го полниме три четвртини. Ги додаваме сите состојки, промешуваме убаво и декорираме со парчиња лимон.

 

Raspberry Fizz

Недолива комбинација на состојки за софистициран почеток на работната недела.

Состојки:

  • 50ml Vigor Vodka Classis
  • 1 лажица ликер од малина
  • 3 свежи малини
  • 2 коцки мраз
  • Römer Krönung пенливо вино

Подготовка:

Во чаша за пенливо вино ги ставаме дввете коцки мраз и одозгора ја сипуваме водката. Го додаваме ликерот од малина и промешуваме. Потоа сишиваме од пенливото вино дури не се наполни чашата. На крајот декорираме со свежите малини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*