Најдобри коктели за месец март

Во овој месец на пролетта издвојуваме еден одличен овошен коктел и еден еднакво добар шот, Strawberry & Kiwi и Mellon Ball.

Strawberry & Kiwi

Состојки:

  • 4 јагоди
  • 1/2 киви
  • 2 лажици шеќер
  • 6 cl Vigor Vodka classic
  • 1 парче зелен лимон

Ставете ги јагодите, кивите и шеќерот во шејкер и добро столчете ги. Додадете ја водката, заедно со коцки мраз и протресете. Сервирајте во чаша полна со кршен мраз и декорирајте со зелен лимон и јагоди.

Mellon Ball

Состојки:

  • 3 cl Vigor Vodka classic
  • 3 cl ликер од диња
  • 3 cl сок од ананас

Систе состојки се ставаат во шејкер со мраз. Се промешиваат и се ставаат во мала шот чаша.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*