Пролетни коктели – втор дел

Инспирирани од сонцето, топлото време и расцветаните дрвја, ви подготвивме уште неколку пролетни коктели, идеални за ова време од годината. 

Доколку овие коктели не ви се доволни, првиот дел може да го најдете на следниот линк.

Sunshine

Состојки

• 6 cl Key Rum 

• 1.5 cl Benedetto Vermouth

• 3 cl сок од ананас

• Grenadine

Сите состојки ставете ги во шејкер полн со мраз. Протресете и сервирајте.

Mimosa

Состојки

• 6 cl свежо исцеден сок од портокал

• 12 cl  Römer пенливо вино

• 1 лажица Triple Sec (по избор)

Чаша за шампањ наполнете ја 2/3 со сок од портокал и потоа додадете од пенливото вино. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*