Овошни безалкохолни коктели

Коктелот секогаш нè потсетува на добра забава, лето, вкусно и слатко уживање. Дел од вас ќе речат: Коктелот не е коктел, ако во него нема водка, џин или ликер. Но, веруваме сите би се сложиле дека најдобрите коктели се оние кои ги расположуваат и освежуваат сите, од најмали до највозрасни.

Коктелите од овошни сокови се идеални за секоја забава, ѓезме, ручек или вечера, роденденска или свадбена прослава. Се поготвуваат многу лесно, а се уживаат долго.

Денес споделуваме со вас рецепти за супер вкусни и освежителни комбинации на овошните вкусови.

Nojito – Virgin Mojito Состојки: 30ml сок од лимон
120 ml кисела вода
6 ливчиња од нане
2 мали лажички кафеав шеќер

Подготовка: Сокот од лимон, шеќерот и ливчињата од нане ставете ги поголем сад. Дел од ливчињата притиснете ги со лажичка за да го испуштат нивниот сок. Оставете го миксот неколку саати, за да се соединат состојките поубаво. Потоа, во висока чаша ставете лед, и потоа сипете од миксот. На крај додадете ја киселата вода. Се декорира со ливчиња од нане и парче лимон.

Cinderella Состојки:
30ml сок од лимон
30ml сок од портокал
30ml сок од ананас
60ml сок од ѓумбир

Подготовка:Соковите сипете ги во шејкер со коцки мраз. Протресете убаво. Претходно чашата за послужување оладете ја во фрижидер. Пред да го сипете коктелот, ставете лед во чашата. Пред послужување декорирајте со парчиња ананас и портокал.

Berry Forest Состојки:
50ml сок од боровница
25ml сок од портокал

25ml сок од лимон

2 јагоди

4 боровинки

4 малини

Подготовка: Јагодите, малините и боровинките ставете ги во шејкер и благо згмечете ги лажица. Потоа додадете го сокот од портокал и сокот од лимон и протресете ги состојките убаво. Потоа, во висока чаша, до пола наполнета со лед, сипете го процедениот коктел од шејкерот. Додадете до врвот на чашата лед, и потоа врз него сипете го сокот од боровница. На крај, одозгора декорирајте со јагоди или боровинки. На здравје 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*