После напорниот ден, чаша Бадел Прима Бренд е совршениот начин да се опуштите, релаксирате, а и загреете во ладните зимски вечери.
Споделуваме со вас неколку совети за идеално послужување на Бадел Прима Бренд, применети и препорачани од старите љубители на бренди, со кои се истакнува неговиот вкус.
- Освен во обично чаши, бренди се пие и во специјални тркалезни чаши, кои се стеснуваат на отворот, а се широки во долниот дел. Ваквата структура на чашата му дозволува на пијалокот да дише кога е сипан во чашата, а стеснетиот отвор сепак ја задржува аромата на пијалокот.
- Секогаш користете скршен мраз, и ставајте го прво него во празната чаша, па потоа сипете Бадел Прима Бренд. Сипувајте во средината на мразот. Количината на бренди што ќе ја додадете треба да пополни една четвртина од чашата. Може да користите и мраз обоен со овошен сируп.
- Можете да додате и малку газиран пијалок за да го ублажите дејството на алкохолот.
- Чашата со пијалок може да ја украсите со кора или тркалезни парчиња од лимон. Често за декорација се користи и парче од круша или една јагода.
- Се послужува кога ќе ја достигне собната температура. Секогаш пред да го послужите, чувајте го во специјален сад, сличен на чашата за послужување, само поголем, за да ја постигне потребната температура.
Применете ги овие совети и уживајте максимално во секоја голтка.