Неодоливо слатки коктели за Валентајн – втор дел

На само еден ден пред Валентајн ви носиме уште три коктели кои се совршени за романтична вечер. Ако вие и вашиот партнер/ка уживате во вкусот на Triple Sec, тогаш овие коктели се токму за вас. 

Her

4.5 cl Vigor Blueberry Vodka
2.2 cl Triple Sec
2.2 cl цеден сок од зелен лимон
2.2 cl шеќерен сируп

Во шејкер со мраз ставете ги сите состојки и протресете. Сервирајте во чаша за мартини и декорирајте со парче зелен лимон.

Lady Killer

3 cl Sax Dry Gin
1.5 cl Triple Sec
1.5 cl ликер од кајсија
6 cl сок од тропско овошје
6 cl сок од ананас

Сите состојки ставете ги во шејкер полн со мраз и добро протресете. Сервирајте во чаша за шампањ и декорирајте со цреши.

Pomegranate Martini

3 cl Sax Dry Gin
1.5 cl Triple Sec
9 cl сок од калинка

Во шејкер со мраз ставете ги сите состојки и протресете. Сервирајте во чаша за мартини и декорирајте со кора од портокал.

За дополнителна инспирација погледнете ги коктелите од првиот дел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*