Денот на вљубените е совршена пригода да направите некои необични коктели и затоа ви подготивме неколку коктели со навистина невообичаен вкус. Се надеваме ќе уживате во нив со добро друштво.
Tequila Sparkler
3 cl Tres Sombreros Silver текила
6 cl Römer Krönung пенливо вино
1.5 cl сок од зелен лимон
1.5 cl шеќерен сируп
Во шејкер полн со мраз ги додавате текилата, сокот од зелен лимон, шеќерниот сируп и протресувате. На крај го додавате шампањот и декорирате со парче јагода.
Love Buzz
4.5 cl Svarog Vodka
1.5 cl ликер од какао
3 cl пире од малини
1 доза еспресо на собна температура
Во шејкер полн со мраз ги додавате состојките и добро протресувате. Декорирајте со тенко рендани парчиња чоколадо.
Raspberry Crush
3 cl Vigor Cocktails malina
3 cl сок од лимон
малини
босилок
Столчете две малини во чаша и додајте 3 ливчиња босилок. Додадете ги водката и сокот од лимон, промешајте и додадете мраз. Декорирајте со босилок.
Уживајте!