Единствениот маргарита рецепт што треба да го знаете

Маргаритата е еден од најпопуларните коктели, и тоа со добра причина. Киселоста што ја дава лимонот, во комбинација со слаткиот вкус на ликерот и силниот и претпознатлив вкус на текилата е една навистина одлична и вкусна комбинација.

Рецептот кој го подготвивме за вас, е единствениот рецепт кој треба да го запомните за да направите одлична маргарита!

Подготовка:

22 ml свежо цеден зелен лимон

30 ml Triple Sec

45 ml Tres Sombreros Silver Tequila

Сол по избор

Ставете ги сите состојки во шејкер полн со мраз и протресете за да се измешаат состојките.  Послужете во изладена висока чаша за коктел или ниска чаша полна со мраз. Декорирајте со парче зелен лимон.

На здравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*