Го одбележуваме денот на путерот од кикирики со слатки шејкови

Денес е ден на путерот од кикирики што значи причина плус да направите нешто благо и вкусно.

Peanut Butter Milkshake 

Потребни состојки за едно послужување : 

  • 60 мл. Badel Prima Brand
  • 10 мл. јаворов сируп
  • 64 гр. путер од кикирики
  • 2 топки сладолед од ванила
  • ситно издробен мраз

Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека не се соединат состојките. 

Spiked Frozen Peanut Butter Smoothie 

Потребни состојки за едно послужување:

  • 1 супена лажица путер од кикирики
  • 90 мл Stock Crema 84
  • 1 топка сладолед од карамела
  • чоколадни трошки

Чашата за послужување премачкајте ја од внатрешната страна со путерот од кикирики, сипете Stock Crema 84, ставете ја топката сладолед и наросете со чоколадни трошки.

Уживајте во овие путерасти задоволства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*