Снежни коктели за топла душа

Кога температурите се под нулата, седете на топло и спротивставете му се на студот со вкусни снежни коктели кои слатко ќе ве загреат.

За оваа недела ви предлагаме неколку коктели кои се подготвуваат брзо и едноставно, и кои дефинитивно ќе ви помогнат полесно да ги поминете студените вечери. За најдобар визуелен ефект потребно е само да имате доволна количина на многу ситно издробен мраз, кој ќе наликува на снег. 🙂

Cherry Vodka Snow Cone

vigor vodka

Подготовка на 4 послужувања:

Прво подгответе го сирупот за снежниот корнет. Во тава за сос ставете 240мл вода и 220гр шеќер. Оставете на оган да се стопи шеќер и да зоврие водата. Тргнете од оган и кога ќе се олади додадете екстракт од цреша или сируп од цреша.

Во чаши за мартини додадете ситно издробен мраз и во секоја чаша сипете по 30мл Vigor Vodka Classic. Потоа сипете врз секој мраз од подготвениот сируп. Доколку не сте љубител на цреша, можете сирупот да го направите со овошен вкус по желба, или пак со ванила, чоколадо или рум.

Creamy Snow Cone

crema

Наједноставно: ситно издробен мраз ставете го во чаша за коктел и одозгора сипете 40мл Stock Crema 84. Можете да го послужите и со топка сладолед од ванила.

Frozen Margarita

margaritas

Подготовка за 4 послужувања:

Во сад (бокал) ставете 150мл Tres Sombreros Gold текила, 75мл Triple Sec, 500мл свеж сок од лимон, и 100мл шеќерен сируп. Измешајте и оставете го коктелот во фрижидер неколку саати. Потоа во истиот сад додадете поголема количина на ситно издробен мраз. Протресете и потоа сипете во високи чаши за маргарита.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*