Низ годините примената на алкохолот била најразновидна. Најпрво бил користен во медицински цели – лекување, дезинфицирање на рани, а подоцна, генијалните мешавини на алкохол со некаков вкус го направиле омилен пијалок ширум светот во различни комбинации.
Денес ве запознаваме со забавни и неверојатни факти кои не сте ги знаеле за алкохолот.
- Првите податоци за производство на алкохолот датираат од пред 12.000 години.
- Кралот на Прусија Фридрих II бил толку голем љубител на алкохолот, што имал намера да го забрани кафето низ цела Прусија со цел да ги натера сите да пијат алкохол наместо кафе.
- Познатиот Manhattan коктел е креација на мајката на Винстон Черчил. Нејзината комбинација била виски и сладок вермут.
- Викинзите секогаш уживале во алкохолот, но на мошне морничав начин. После секоја победа тие наздравувале со алкохол сипан во черепот на нивните непријатели.
- Постојат податоци кои велат дека првите земјоделци не ги основале своите фарми за да учествуваат во трговија со храна, туку за да ги произведат најдобрите растенија состојки на алкохол.
- Алкохолот го содржи сите 13 минерали кои се неопходни за човечкиот живот.
- Потрагата по најдобриот лек против мамурлук е почната уште откако е произведен првиот алкохол. Во историјата, различни народи различно се справувале со мамурлукот. Старите Римјани верувале дека пржено пилешко месо помага против мамурлук, додека пак Старите Грци после алкохол јаделе зелка за да намалат главоболки. Денес пак Французите ставаат сол во шоља силно кафе. Во Порторико имаат најнеобичен лек против мамурлук – ја креваат раката со која пиеле и под неа тријат половина лимон.
Уживајте во добар алкохолен пијалок, но уживајте одговорно.