Нема ништо поубаво од вкусен оброк после долг, напорен ден.
На денешното мени имаме ја имаме добитната комбинација: макарони со крем сос со Vigor Vodka – гурманско уживање кое се подготвува многу лесно и брзо.
Состојки:
- 5 ½ чаши сос од домати
- 1/4 чаша Vigor Vodka Classic
- 1/3 чаша ситно сецкан босилек
- 1/4 лажичка мелен црвен бибер
- 1/2 чаша павлака
- 9 чаши макарони, средна големина
- кромид
- лук
- пармезан
Време на подготовка: 15 минути
Подготовка:
Макароните ги ставаме да се сварат во вода со масло и сол. Откако ќе се сварат ги процедуваме убаво и ги ставаме во сув сад.
Во тава за подготвување сос ги ставаме сосот од домати, водката, босилекот, кромидот, лукот и биберот. Ги оставаме на оган сè дури сосот не почне да зоврива. Штом почне да зоврива, го тргаме од оган и во него ја додаваме павлаката. Промешуваме убаво.
Макароните ги ставаме во чинија за сервирање и полека го истураме сосот врз нив. На крај поросуваме одозгора со пармезан и декорираме со ливчиња босилек.
Пријатно јадење и уживање! 🙂