Нашата страница на твитер @PelinkovacMK по петти пат е номинирана за најкомпанија на Твитер! Со твитерџиите се дружиме повеќе од пет години на обострано задоволство и уште на самиот почеток најдовме заеднички јазик.
Твитер наградите се во организација на blokirame.mk, и опфаќаат повеќе од 20 категории, меѓу кои највлијателен твитерџија/ка, најдобар твит во 2017 итн. Номинациите ги прават самите блогери и твитерџии, а PelinkovacMK е номиниран во категоријата Најкомпанија/организација на Твитер во конкуренција со повеќе организации.
Победниците ќе се изберат по пат на гласање, а официјалното врачување на наградите ќе се случи на 16 декември 2017 во МКЦ. Како веќе редовни гости на настанот, ние ќе бидеме присутни на самиот настан и ќе го поддржиме. Деталите ќе ги објавиме наскоро!