Ни претставува особена чест и задоволство да објавивме дека и оваа година ќе бидеме дел од традиционалните #ТвитерНагради.
Твитер наградите се во организација на blokirame.mk, и опфаќаат повеќе од 15 категории, меѓу кои највлијателен твитерџија/ка, најдобар твит во 2017 итн. Номинациите ги прават самите блогери и твитерџии.
Победниците ќе се изберат по пат на гласање а официјалното врачување на наградите ќе се случи на 16 декември 2017 во МКЦ. Како веќе редовни гости на настанот, ние ќе бидеме присутни на самиот настан и ќе го поддржиме.
Ова е наша петта година на поддршка на македонската твитер заедница. Со уникатните Pelinkovac Gorki и Pelinkovac Orange ќе бидеме присутен на настанот, задолжени за весело наздравување на победниците и утеха на оние со помалку среќа.