(Македонски) Фати ја новогодишната искра со Svarog!

Svarog продолжува со наградни натпревари!

Овој викенд, започнуваме со серија на настани каде што покрај забавувањето со Svarog, ќе имате и прилика да освоите наградно новогодишно патување во еден од најзабавните градови во Европа, Белград! Доколку победите на натпреварот, добивате бесплатно патување, сместување и појадок во Белград за време на новогодишните денови.

Како да ја заокружите оваа година со патување во Белград?

  1. Станете фан на Facebook страната на Svarog Македонија.
  2. Посетете некој од Svarog настаните кои ќе ги најавиме на страницата.
  3. Направете фотографија од вас и вашето друштво со Svarog шише и/или чаша + некој дополнителен Svarog елемент (Svarog банери, ѕвезди, хостеси итн.)
  4. Фотографијата мора да го содржи вашето лице  и да биде објавена јавно (public) заедно со хаштагот #catchthespark
  5. На корисникот кој ја има фотографијата со најмногу лајкови ќе доделимe новогодишно патување во Белград !

Важно:

Освен горните критериуми, учесниците во наградниот натпревар МОРА да имаат над 18 години и валиден пасош.

Правилата на натпреварот не дозволуваат користење на автоматски модули за генерирање на лајкови. Во случај на еднаков број на допаѓања, предвид ќе се земат бројот на споделувања на коментари. Во случај победникот да е оневозможен да патува, наградата се доделува на следната фотографија со најмногу допаѓања.

Фотографиите со навредлива и експлицитна содржина нема да бидат земени предвид.

Ве охрабруваме да објавувате по една фотографија – на овој начин би ја максимализирале својата шанса за повеќе допаѓања.

Следете нè внимателно и бидете подготвени за незаборавни забави заедно со Svarog.

Победниците на натпреварот ќе бидат објавени на Facebook страницата на Svarog.

Ви посакуваме среќа!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*