Сè што е умерено е добро за човекот и неговото здравје. Исто и со алкохолните пијалоци. Постојат голем број научни трудови кои уверуваат дека прекумерното конзумирање алкохол му штети на здравјето и остава последици.
Но, како што на почетокот спомнавме, умереното уживање во алкохолни пијалоци не само што не е штетно, туку е и добро за човековото здравје. Според Dietary Guidelines for Americans „умерена количина на алкохол е дефинирана на еден пијалок на ден за жени и најмногу два пијалока на ден за мажи.“ Токму оваа количина има свои предности. Еве кои се тие:
- Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања – според истражувањата на School of Public Health при Харвард Универзитетот умерената количина на алкохол го крева нивото на липопротениот со голема густина, што придонесува за поголема заштита на срцето од заболувања. Умерената количина се поврзува и со подобурање на процесот на згручтување на крвта. Сепак, овој факт е применлив само кај луѓе кои немаат дијагноза за срцево заболување.
- Го продолжува животот – Повременото и умерено пиењe алкохол додава по неколку години на животниот век. Истражување на Catholic University of Campobasso вели дека пиењето на помалку од 2 чаши алкохолен пијалок na den го намалува ризикот од рана смрт дури до 18%.
- Го подобрува либидото – Кај мажите умерената количина алкохол е заштитник од импотентност и лош перформанс во спалната соба. Ова се потврдува со истражувањето на научници од University of West Australia кои во 2009 утврдиле дека кај мажите кои пиеле алкохол ризикот од импотентност е намален до 30%.
- Помага при заштита од настинки, бирози и грипови – Уште во 1993 Одделот за Психологија при Carnegie Mellon University дошол до откритие дека кај непушачите ризикот да се разболат бил намален кај уживатели на алкохолни пијалоци. Во 2002 пак шпански научници објавиле труд во New York Times според кој пиењето на 8 до 14 чаши вино во текот на една недела, рамномерно распоредени, го намалува до 60% ризикот од сезонските настинки и грипови. Се претпоставува дека овој ефект се должи на антиоксидантите во виното.
Здравјето нема цена. Затоа, пиј малку, пиј добро!