Tom Collins

tom-collins

Tom Collins е еден од најстарите документирани коктели. За првпат се спомнува во далечната 1876 година од „таткото на американските коктели“ Џери Томас.

Името најверојатно го добива по ирски политички активист од крајот на 19 век, но и по една популарна шега во Њујорк во 1874. Во разговор меѓу двајца познаници, говорникот прашувал „Каде е Том Колинс?“, на што слушателот одговарал дека не познава ниеден Том Колинс. На тоа говорникот одговорал дека Том Колинс го оговарал слушателот пред други и дека се наоѓа зад аголот. По ова слушателот ќе тргнел да го бара непостоечкиот Том Колинс. Името станало популарно и затоа овој коктел го носи тоа име

Рецептот за Tom Collins е следниот:
Состојки

  • 4.5 cl Sax Gin
  • 3 cl свежо цеден сок од лимон
  • 1.5 cl шеќерен сируп
  • 6  cl газирана вода

Подготовка
Се мешаат џинот, сокот и шеќерниот сируп во висока чаша со мраз. На тоа се додава газирана вода.

Постојат многу варијации на овој коктел, со замена на џинот со водка, бренди итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*