Освежете се со Pelinkovac Scream

Високите температури изгледа ќе го одбележат и викендот кој што е пред нас. Каде и да сте, знаеме дека ќе си поминете супер во друштво на нашата гордост Pelinkovac.

А за да направиме да ви биде уште попријатно, денес споделуваме со вас задоволство кое што ќе ве освежи и расположи. Секако, не мора да чекате до викенд за да го вкусите 😉

Pelinkovac Scream

Pelinkovac Scream Состојки: (за 3 послужувања)

  • 100ml Pelinkovac – Gorki или Orange по ваша желба
  • Мраз
  • Сладолед од ванила

Подготовка:

Мразот го кршиме на поситни парчиња. Во сад го ставаме заедно со Pelinkovac. Го ставаме садот во фрижидер – замрзнувач неколку саати. Потоа го вадиме и од мразот ставаме во висока чаша за коктел. Ја полниме до половина. Врз мразот сипуваме уште Pelinkovac. Потоа одозгора ставаме три топки сладолед. Може по желба да се стави на сладоледот прелив. Декорираме со парчиња портокал и послужуваме.

На здравје уживање!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*