Летото е пред нашите порти, па сметаме дека е вистинско време да ви ја презентираме нашата листа на топ 5 летни коктели! 🙂
1. Blue Lagoon
Blue Lagoon не само што изгледа фантастично, туку е и апсолутен фаворит за ова лето. Овој азурен коктел има подолга историја, но се смета дека Harry’s New York Bar во Париз го стандардизирал во сегашниот изглед и вкус. Пробајте.
Состојки: Vigor Vodka Classic (4 cl), Blue Curacao ликер (2 cl), сок од лимон (1 cl), Sprite или 7UP (8cl).
2. Sex on the Beach
Овој коктел е познат поради својот вкус, но и според своето име. Годината на неговото создавање е 1987, а потекнува од Флорида. Неговиот креатор, името му го дал инстиктивно, прашувајќи се зошто луѓето доаѓаат во Флорида за време на пролетната пауза: за да имаат секс на плажа.
Состојки: Vigor Vodka Classic (3 cl), Vigor Art Cocktails Праска (3 cl), Grenadine сируп (1 cl), Pago сок од портокал (8 cl).
3. Cuba Libre
Cuba Libre е познат меѓу нашите коктел – љубители. Постојат повеќе верзии за настанокот на овој коктел. Една од нив тврди дека коктелот настанал во Хавана околу 1901 година. Подоцна, кубанските патриоти во Шпанско-американската војна го популаризирале овој микс на рум и кола.
Состојки: Key Rum Caribbean White (5 cl), кола пијалок (15 cl), лимета (1/4).
4. Caipiroska
Caipiroska е водка – варијанта на познатата Caipirnha која го користи алкохолниот пијалок кашаса што се прави од шеќерна трска. Вистинско освежување за најжешките денови.
Состојки: Vigor Vodka Classic (5 cl), шеќер (2 барски лажици), лимета (1/4), сода вода.
5. Tom Collins
Tom Collins е еден од најстарите коктели во историјата, а него го измислил Џери Томас, таткото на американската ‘миксологија’.
Состојки: Sax Gin (5 cl), сок од лимон (1 cl), шеќер (1 барска лажица), сода вода (10 cl), сезонско овошје.