(Македонски) Кул факти за коктелите

  • Зборот cock-tail за првпат се појавува во 1798 година во лондонскиот весник The Morning Post and Gazetteer. Во превод значи „опашка на петел“, а етимолозите не се сигурни како овој збор започнал да означува мешан алкохолен пијалок.
  • Шелдон Вајли од Њујорк го држи Гинисовиот рекорд за најмногу направени коктели во еден час – неверојатни 1003 коктели!
  • Коктелот Screwdriver („шрафцигер“) или кај нас попознат како сечена водка, го добил своето име на нафтените платформи во Саудиска Арабија. Соочени со забраната за алкохол, американските инженери шверцувале водка во џус од портокал, кој го мешале со помош на шрафцигерите.
  • Убедливо најголем број на коктели користат водка како основна состојка. Второто и третото место по популарност го држат румот и џинот.
  • Вработените во Џими Буфетс од Орландо во 2001 го направиле најголемиот коктел на светот, кој бил тежок дури 26,645 литри.
  • Меѓународната асоцијација на бармени (IBA) препорачува пиење на сок од портокал за да се намалат ефектите од мамурлакот.
  • Cosmopolitan е омилениот коктел на Кери Бредшоу во серијата „Сексот и градот“, а White Russian е омилениот коктел на Големиот Лебовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*