Видови чаши: Мартини чаша

martini-glass-623438_640

Веројатно сте забележале дека различни пијалоци се служат во различни чаши. Тоа не е само прашање на естетика и манири, туку и на функционалност.

Мартини чашата или позната и како коктел чаша постои долго време. Легендата вели дека популарноста оваа чаша ја стекнала за време на Прохибицијата во САД во 20-тите години на минатиот век, бидејќи со неа било најлесно да се истури пијалокот во случај да помине полиција.

Сепак, освен на нејзиниот атрактивен изглед, популарноста на оваа чаша се должи и на практичноста. Дршката на чашата е за одржување на температурата во чашата. Пијалоците што се точат во оваа чаша се веќе разладени и не им се додава мраз. Топлината на раката не доаѓа во допир со пијалокот поради дршката. Конусниот облик на чашата исто така помага во одржувањето на температурата, во држење на состојките заедно (маслинки, пијалоци со различна специфична густина, итн.), а исто така овозможува голема површина за мирисање на аромите. Вообичаено ова е чаша за коктели базирани на џин или водка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*