(Македонски) Малку водка, поголема креативност

Сѐ што се конзумира во умерени количини не е штетно. Па, така и со водката. Благодарение на науката и последните истражувања, водката е дури и препорачлива за поттикнување на креативноста.  Интересно, нели? Еве што науката вели за оваа спојка:

Колку  водка е потребно?

Не многу. Скромна количина на водка со која се внесува максимум 0.075% алкохол во крвта, е доволно за да започне креативниот проток на мисли.

Како било направено тестирањето?

Судијата наречена “Ослободување на Музата”, која е детално разработена во американскиот магазин “Consciousness and Cognition” вклучила 40 мажи, од кои 20 биле трезни, без алкохол во крвта, а другите 20 испиле водка измешана со брусница. Откако алкохолот почнал да дејствува, на двете групи им биле дадени тестови – им биле дадени три збора, а испитаниците имале задача да дојдат до четврт збор, кој со секој од наведените зборови ќе состави нов збор, т.е фраза.

Резултати?

Во просек трезните испитаници дошле до четвртиот збор за 15,4 секунди, додека пак испитаниците кои пиеле водка точниот одговор го дале за 11,5 секунди во просек.

Што го предизвикува овој ефект на водката?

Истражувачите се без конкретен одговор. Според Брајан Нелсон од Mother Nature Network, ова можно поради тоа што мала количина водка го ослабнува насочувањето на вниманието, а тоа пак помага многу полесно да се поврзуваат помалку сродни идеи.

Друго објаснување вели дека алкохолот влијаел испитаниците да се опуштат доволно и да немаат голема контрола врз стравот и мислите кои поттикнуват страв од грешка, па затоа и биле слободни и покреативни во одговорите.

Во секој случај, малку водка не е на одмет. Следен пат кога ќе треба да бидете послободни и да размислуватекреативно, топло ви препорачуваме комбинација на Vigor Vodka и Pago сок од брусница, или било која Vigor водка со вкус на овошка.

Напијте се без грижа – препорачано е од научници!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*