(Македонски) Викенд водка уживање

На викендите нема кој не им се радува. Сите го користат слободното време да се прошетаат, да подраспремат по дома, а најголемите кулинари се радуваат на часовите кои можат да ги посветат на подготовка на ново јадење.

Овој викенд предлагаме да биде во вкусот на Vigor Vodka Classic. Ви претставуваме два софистицирани рецепти кои вашиот оброк ќе го направат незаборавен, а уживањето уникатно.

Angel Hair Pasta со зачинет сос со водка

Состојки

  • 300ml Vigor Vodka Classic
  • 3 супени лажици маслиново масло
  • 8 парчиња лук, средна големина, тенко исецкани
  • 4 главички кромид, исецкани на половина, а потоа на тенки парчиња
  • Сол
  • Тазе мелен црн пипер
  • 8 свежи гранчиња оригано
  • 2 мали суви лути пиперчиња, издробени
  • 1300gr домати, исецкани на парчиња
  • 500gr шпагети

Подготовка

Загрејте го маслото во голема тава за подготовка на сосови. На загреаното масло додајте ги исецканите лук и кромид, зачинете со сол и пипер и пропржете дури не добијат златеникава боја. Потоа додадете ги гранчињата оригано и пиперчињата и пропржете ги сите заедно уште една минута.

Тргнете ја тавата од оган, внимателно додадете ја водката и мешајте за да соединат состојките. Потоа вратете ја тавата на намален оган и потоа додадете ги доматите. Мешајте повремено и оставете ја тавата на оган дури доматите не го испуштат целиот сок, отприлика 40 минути. Потоа дел од парчињата искршете ги со врв на лажица, а дел оставете ги цели. Потоа тргнете ја тавата од оган и отстранете ги гранчињата оригано.

Во тенџере ставете вода и масло, посолете и на висок оган ставете ги шпагетите да се сварат. Откако ќе се сварат, процедете ги убаво, но зачувајте една шоља од водата. Потоа вратете ги шпагетите на оган и полијте ги со сосот и со шољата вода и чувајте ги на оган дури не се сварат убаво. По потреба додадете сол и црн пипер.

Послужете и уживајте!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*