(Македонски) Badel Prima Brand– апсолутно број еден, со причина

bpb_kutija_case_small

Сигурно досега сте го виделе или пробале популарниот “коњак” Badel Prima Brand, кој е на менито на буквално сите македонски кафулиња и ресторани. Се работи за нашиот најпопуларен и најпродаван производ, а можеме да се пофалиме и дека Badel Prima Brand е и најпродаваниот увозен алкохолен пијалок во Македонија.

Всушност, Badel Prima Brand е толку популарен што често е мета на разни плагијатори и имитатори, поради која моравме да воведеме некои интересни иновации, како на пример, етикети што не може да се имитираат, и врвниот отварач кој оневозможува повторна употреба на шишето.

Но, плагијатите имаат краток рок на траење. Причината се крие во уникатната рецептура на Badel Prima Brand која влече корени уште од претходниците на Badel: компаниите Pokorny, Arko и Patria. Во тоа време, овој пијалок се продавал во аптеките поради што го носел називот Brandy Medicinal. Рецептурата на Badel Prima Brandy е позната на само неколку експерти и се чува во најстрога тајна.

Ние може само да кажеме дека се работи за производ кој се добива со спој на високо квалитетен вински дестилат и одбран алкохол со врвен квалитет. Во него се употребува специјален бонификатор. Таа комбинација дава бистра, златно кафена нијанса на боја, со карактеристичен и препознатлив мирис и вкус. За квалитетот можеби најмногу говори фактот дека старите добри познавачи секогаш пијат “коњак”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*