Неодоливо вкусни – водка-јагода шотови

Викендот ќе почне за само еден ден. Полека стартува и предновогодишната еуфорија. За супер забавен викенд исполнет со одлично расположение ви го препорачуваме рецептот за шотови со вотка и јагоди.

Се подготвуваат неодоливо лесно и брзо. А предност е што се во црвена боја, што совршено се вклопува со новогодишното расположение.

Состојки:

  • Јагоди по желба
  • Желе од Vigor Vodka Classic

Подготовка

Прво го подготвуваме желето од водка. Во сад ставаме 120ml зовриена вода со желе од јагода. Ставаме околу ¾ од пакувањето. Во друг стад ставаме 120ml ладна вода со 120ml Vigor Vodka Classic и промешуваме. Микост со желето го оставаме целосно да се олади. Потоа ја додаваме водката и мешаме.

Додека се лади желето, можеме да ги подготвиме јагодите. Ги отстрауваме ливчињата и го отсекуваме горниот дел од јагодите. Со кафено лажиче внимателно ја отстрануваме внатрешноста на јагодата.

Водка-јагода шотови

Потоа испразнетите јагоди ги полниме со желето со водка. Ги оставаме во фрижидер да се оладат и стврднат. На крај, посипуваме шеќер во чинија и горниот дел од јагодите го премачкуваме. Декорираме со мали парчиња лимон или лимета. Послужуваме и уживаме.

 

П.С. Конзумирајте одговорно! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*