Во организација на Стопанската интересна задруга на производители на пијалоци на Хрватска (Gospodarska interesna udruga proizvođača pića Hrvatske – GIUPHH), под покровителство на Министерството за земјоделство на Хрватска се одржа второто меѓународно оценување на квалитетот на жестоките алкохолни пијалоци ISCRO 2016.
Оценувањето на квалитетот на жестоките алкохолни пијалоци е спроведено по методот на Меѓународната организација за лозарство и винарство (International Organisation of Vine and Wine – OIV), а петочленото жири беше составено од врвни хрватски стручњаци.
На ISCRO 2016 пристигнаа 50 примероци од осум земји, а жестоките алкохолни пијалоци беа оценувае во неколку категории. Најважната награда – Шампион на квалитетот му прибадна на Badel 1862 за премиум ликерот Korlat šipak i divlja ruža. Наградени сме и со злато за Korlat Medica, Pelinkovac Orange, сребро за Stara šljivovica, како и бронза за Korlat Travarica barrique sa smiljem. Овие награди се само уште една потврда за квалитетот на врвните производи на Badel 1862!