Badel Pelinkovac по четврти пат номиниран за најкомпанија на Твитер

Pelinkovac-naj-naj

Нашата страница на твитер @PelinkovacMK по четврт пат е номинирана за најкомпанија на Твитер! Со твитерџиите се дружиме повеќе од четири години на обострано задоволство и уште на самиот почеток најдовме заеднички јазик. Уште се свежи спомените од минатите #твитернагради кога Pelinkovac само што не почна да тече од чешмите! 🙂

Твитер наградите се во организација на blokirame.mk, и опфаќаат повеќе од 15 категории, меѓу кои највлијателен твитерџија/ка, најдобар твит во 2016 итн. Номинациите ги прават самите блогери и твитерџии, а PelinkovacMK е номиниран во категоријата Најкомпанија/организација на Твитер во конкуренција со повеќе компании, невладини организации и иницијативи.

Победниците ќе се изберат по пат на гласање, а официјалното врачување на наградите ќе се случи на 10 декември 2016 во Кино Култура. Како веќе редовни гости на настанот, ние ќе бидеме присутни на самиот настан и ќе го поддржиме. Деталите ќе ги објавиме наскоро!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*