Љупчо Павловски – добитник на признанието „13 ноември“

55871-tomi-nagrada

Сојузот на спортови на Град Скопје вчераа ги додели престижните признанија „13 Ноември“ кои традиционално по повод Денот на ослободувањето на главниот град се доделуваат на истакнати спортисти и личности заслужни за спортот во главниот град.

Еден од наградените е и нашиот управител, Љупчо Павловски, кој е награден поради своето долгогодишно залагање и спонзорство на женскиот кошаркарски клуб „Бадел 1862“. ЖКК „Бадел 1862“ (поранешен „Вигор“) е најтрофејниот македонски кошаркарски клуб во женска конкуренција, и единствениот кој се натпреварува во Јадранската Лига. Се надеваме и работиме на понатамошни успеси и признанија! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*