Мали совети за поголемо уживање во вкусот на ликерот

Вкусот на ликерот има посебна магија која ги обзема сите. Слатки, вкусни, идеални за подготовка на коктели, па и колачи и торти – ликерите често знаат да ги засенат останатите алкохолни пијaлоци.

За нив се верува дека се пијалок за дамите поради нивниот нежен и софистициран вкус кој совршено се вклопува со стилот на една дама.

Како и за секој пијалок, и за ликерот има одредени совети кои уживањето во неговиот вкус го прават поголемо. Без одолговлекување, започнуваме со советите за пиење ликер.

  • Прво одлучете дали сакате да го пиете ликерот чист, со коцки мраз или пак како состојка на коктел. За оние кои прв пат пробуваат ликер, коктел како Cosmopolitan, Screwdriver или Bay Breeze може да биде подобра опција. При пиењето на ликер со мраз, мразот го намалува силното дејство на ликерот, а сепак вкусот и задоволството не се менуваат.
  • Одберете место каде вистински ќе може да уживате во вкусот. На забава атмосферата е весела и бурна, додека пак во бар е попридушена и поинтимна. Доколку прв пат пробувате ликер, каде и да сте имајте со вас некој близок кој ќе ви помогне да не направите погрешна комбинација на ликер и алкохолен пијалок од која може да ве боли глава.
  • Внимавајте колку ќе испиете. Кај ликерите обично не чувствуваме колку сме испиле, порадо слаткиот и мек вкус. Вообичаено 3-4 чаши е сосема доволна доза за уживање. За оние кои прв пат пијат ликер, пијте полека и секогаш на полн стомак.
  • Држете се до еден тип на ликер во текот на вечерта. Доколку пиете различни коктели, исто така внимавајте да бидат со истот ликер. Комбинацијата на различни ликери може да биде и незгодна.
  • Правило за сите: не возете кога ќе испиете макар и една чаша ликер.

Имате ли уште некој совет со кој би ја надополниле оваа листа? 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*