Кој коктел сте според хороскопскиот знак

Според многумина хороскопскиот знак кажува многу за вашиот карактер. Секој знак има одредени впечатливи карактерестики. Исто како и секој коктел.

На нашата Facebook страна веќе споделивме според вашиот хороскопски знак кој коктел ви одговара најмногу. Денес една поинтересна комбинација на коктели и хороскоп: Кој коктел би биле вие според хороскопскиот знак? 🙂

Состојките на еден коктел и нивното прецизно комбинирање му дава на секој коктел посебна карактеристика, која верувале или не, е слиќна со карактеристиките на хороскопските знаци.

Без должење, започнуваме со претставувањето на хороскопските знаци според коктелот со кој имаат исти карактеристики.

Овен: The Kyoto Sour

kokteli i horoskop

Kyoto Sour е совршен спој на зачинето и слатко. Табаско сосот ја дава жестината на овој коктел, а жестината е препознатлива особина на секој овен. Темпераментниот карактер на овните е идентичен со ефектите кои Kyoto Sour ги предизвикува.

Состојки: табаско сос, саке, сок од цеден цитрон, сок од цеден лимон, нектар од агава

Бик: Hot Buttered Rum

Hot Buttered Rum

Биковите се големи љубители на топлината на домот, па затоа и овој коктел, кој е карактеристичен за новогодишните празници, совршено се вклопува со нивниот карактер. Топол и зачинет, со богат вкус, Hot Buttered Rum одлично ја отсликува емотивната страна на бикот.

Состојки: темен рум, путер, шеќер, цимет, екстракт од ванила, топла вода

Близнаци: Beergarita

kokteli i horoskop

Близнаците знаат да бидат имулсивни и неодлучни. За нив се верува дека не се грижат многу да играат според правилата, па оттука спојот на пиво и маргарита одлично го отсликува нивниот карактер, раскошната имагинација и остроумна природа.

Состојки: текила, трипл сек, сок од лимон, пиво

Рак: The Blood and Sand

Blood And Sand

Чувствителните ракови одлично знаат да ја затскријат својата мистична и темна страна, токму како и овој коктел. Нивното променливо расположение и потребата секогаш да се во право, се отсликуваат вкусот на секоја голтка, која ја има магијата да ве натера да признаете дека ова е правиот коктел, без разлика дали сте дома или сте на плажа.

Состојки: вермут, виски, ликер од цреша, свежо цеден сок од портокал

Лав: Mai Tai

Mai Tai

Самоуверениот лав понекгаш знае да биде мрзелив, но секогаш ужива во весели бои и вниманите кое му се подарува. Затоа лавовите одговараат со Mai Тai. Овој коктел најдобро се ужива на сонце, а лавовите се прилично приврзани за него и неговата. Лавовите сакаат внимание, исто како и Mai Tai, и знаат како да добијат, коктелот со своите состојки, а лавот со своите карактеристики.

Состојки: рум, гренадин, сок од ананас, сок од портокал

Девица: Dry Martini

Dry Martini

Девиците се прецизни, педантни и секогаш аналитички настроени. Едноставен и безвремснки коктел како што е Dry Martini за нив е совршено отсликување на карактерот. Секогаш се во потрага по клаиска и висок стил, а Dry Martini ја има совршената доза од двете.

Состојки: џин, вермут, додаток со вкус на портокал

Вага: Lemon Drop

Lemon Drop

За вагите сѐ се врти околу постигнувањето на баланс. Lemon Drop е совршен баланс на кисел и сладок вкус, кој овозможува потполно уживање. Вагите сакаат едноставност, Lemon Drop цели кон неа – тука е идентичноста на овој знак и коктел.

Состојки: водка, сок од лимон

Скорпија: Dark and Stormy

Dark and Stormy

Скорпиите се емотивни, но имаат своја темна и остра страна која знаат да ја покажат доколку се повредени. Dark and Sotrmy- темен и силен коктел, кој со секоја своја голтка ќе ве опушти и расположи одлично го отсликува карактеорт на скорпијата.

Состојки: темен рум, светло пиво, лимон

Стрелец: AMF

AMF

Авантурист, понекогаш непромислен, но оптимист – овие карактеристики на стрелецот се огледуваат во AMF. Овој коктел во себе содржи многу разновидни состојки, исто како што еден стрелец има многу и јаки и слаби страни.

Состојки: водка, рум, текила, џин, blue curacao, кисела вода, sweet and sour микс

Јарец: Manhattan

Manhattan

Јарецот секогаш е бизнис ориентирана личност, а Manhattan е токму таков тип на коктел. Роден лидер и екстремно вреден работник се карактеристики кои одлично се надополнуваат со силен коктел како Manhattan. Основна одлика и на јарците и на коктелот е дека секогаш успеваат да се истакнат во било која група, на било кој настан од сите присутни.

Состојки: вермут, виски, марашино цреша

Водолија: Hemingway Daiquiri

Hemingway Daiquiri

Водолиите се познати по својата бистрина и оригиналност, но и затскриена бунтовност. Овој коктел, според рецепт на самиот Хемингвеј, е совршена комбинација на состојки кои предизвикуваат ќувство на класика, со пресврт кон бунтовност – сосема идентично како и водоилиите.

Состојки: светол рум, марашино ликер, сок од грејпфрут, сок од лимон, сируп од шеќер

Риби: Fish Bowl

Fish Bowl

Рибите се големи фантазери и ексцентрични во своите филозофии, исто како и вкусот на овој коктел. Сепак, со својата многубројните топли карактеристики и љубов успеваат да направат да исчезнат сите грижи и немири – исто како и состојките кои предизвикуваат неповторлив ефект на секоја голтка од овој коктел.

Состојки: водка, рум од кокос, Blue curacao, сок од ананас, сода од лимон, sweet and sour микс

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*