Интервју со Кристина Ѓорѓиевска: Инспирација ми е потрагата по совршен спој на вкусови, ароми, бои…

На Vigor Barmen Cup 2016 ја имавме честа да уживаме во мајсториите на втората дама учесник на ова натпреварување.

Кристина е коктел ентузијаст, посветен на внимателно бирање состојки за секој коктел, како и на деталите за подготовка и декорирање на секој коктел кој го подготвува.

Vigor Barmen Cup 2016

Го затвори полуфиналниот дел, и со својата внимателност, прецизност и креативност се пласираше во финалето. Денес споделуваме со вас кратко интервју низ кое Кристина го споделува својот став за коктел културата во Македонија.

За прав пат настапи на Vigor Barmen Cup. Дали е ова и твое прво коктел натпреварување воопшто?

Да, за прв пат настапив на Vigor Barmen Cup, но тоа не е мое прво искуство,учествував и на деветтото државно првенство и освоив награда за најдобра техника.

Дали очекуваше дека ќе се пласираш во финалето?

Искрено, не очекував.

Што те инспирира за да смислиш нов коктел?

Инспирација добивам од вкусови,ароми,бои…Потрагата по совршен спој на сите нив.

Vigor Barmen Cup 2016

Колкав е предизвикот да се работи како бармен кај нас, во Македонија?

Коктел културата е на многу ниско ниво и е вистински предизвик професионално да си ја вршам работата.

Дали би се обидела некогаш да се натпреваруваш и во flair категоријата?

Никогаш не се знае, можеби, зашто да не.

Што е најпотребно за да се биде успешен бармен?

За да бидеш успешен бармен потребно е да се познава барот и се во него, пијалаците, барската опрема, чашите и притоа сè од наведеното правилно да се користи.

Кои се твоите 3 омилени коктели?

Irish legend, Amaretto Watermelon Sour и Badu Passion.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*