Импресии и фотографии од Vigor Barmen Cup 2016

Два дена во Виница поминаа како две минути. Vigor Barmen Cup 2016, како и што се очекуваше, помина во супер забавна и позитивна атмосфера која ги освои буквално сите посетители. На летната тераса на хотелот „Александар Парк“ се случи незаборавен и фантастичен настан.

Vigor Barmen Cup 2016

Првиот ден помина во вкусот на коктелите на полуфиналистите во категоријата класик. Стручното жири од Хрватска во кое членуваа Марио Мајцен, повеќекратен хрватски шампион во флер категорија, Анте Жиго, основач на Сплитското здружение на бармени и Милан Стојиќ, бренд менаџер во Бадел 1862 Загреб, имаше голем предизвик пред себе: да го оцени секој бармен според стручната работа, како и според вкусот, аромата и изгледот на коктелот.

Vigor Barmen Cup 2016Стручното жири (од лево кон десно: Анте Жиго, Милан Стојиќ, Марио Мајцен)

Сите 24 полуфиналисти успешно нè пренесоа на егзотични дестинации со магичните комбинации на состојки кои создадоа неверојатно вкусни коктели. Посветеноста на деталите на сите бармени можеше да се забележи преку уникатните декорации кои направија совршено заокружување на секој коктел.

Vigor Barmen Cup 2016

Оваа година на наша огромна радост ја имавме и втората дама учесник во Vigor Barmen Cup. Покрај Марија Максимовска – Атанасовска која своето деби го имаше лани, Кристина Ѓорѓиевска беше дел од натпреварувачите и со својата умешност влезе во финалниот дел од натпреварот.

Vigor Barmen Cup 2016

Втората дама учесник – кристина Ѓорѓиевска

Публиката која беше дојдена да ги бодри своите фаворити, беше наградена со можноста да ги вкуси коктелите и да ужива во вистинските мајстории на македонските бармени.

Еуфоријата на првиот ден ја надополнивме со одлична забава на која танцувавме во ритамот на музичката плејлиста наDЈ Dimitroff. За да биде возбудата поголема, двајца од членовите на жирито – Марио и Анте, имаа заеднички настап со кој буквално ги оставија без здив сите присутни со своите атрактивни и огнени акробации.

Vigor Barmen Cup 2016 Марио и Анте за време на огнениот настап 🙂

Понесени од силната возбуда на првиот ден, вториот ден го започнавме со уште поголема еуфорија. Први настапија финалистите во категоријата „класика“. Малку послободни и посмирени во подготовките, финалистите повторно ги заведоа сите со своите уникатни коктели.

Сепак, најголем впечаток кај стручното жири остави коктелот на Васил Пеевски од Скопје кој го освои првото место со својот коктел „Харибо“.

Vigor Barmen Cup 2016

Васил Пеевски, победник во категоријата „класика“

Второто место му припадна на Ванчо Стојанов со коктелот „Мајка Тереза”, додека пак Златко Стојанов со коктелот „Vigor Me” освои трето место.Наградата за најдобра стручна работа ја доби Методи Перункоски, кој го подготви коктелот „Simple“, а коктелот „Red storm“ на Благој Богатиновски се закити со наградата за најатрактивен коктел.

Веднаш по финалето во категоријата „класика“, започна и финалето во категоријата „флер“, каде седумте учесници подготвуваа коктели со примена на акробации и неверојатни техники на вртење на чаши, шејкери и шишиња.

Во оваа категорија првото место го освои Бобан Васиќ од Скопје, додека второ и трето место освоија Александар Бошев и Филип Арнаудов.

Vigor Barmen Cup 2016

Бобан Васиќ, победник во категоријата „флер“

Бидејќи фотографиите вредат милион зборови, ве оставаме да ја почувствувате атмосферата од Vigor Barmen Cup 2016 преку албумите од полуфиналето, забавата и финалето кои се веќе објавени на Facebook страната на Vigor Vodka. 🙂

Се гледаме на Vigor Barmen Cup 2017!

 

One thought on “Импресии и фотографии од Vigor Barmen Cup 2016

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*