Идеална музичка плејлиста за забави со коктели

Коктели и музика

Коктел расположението кај нас одамна е на високо ниво, а со Vigor Barmen Cup некако како да се подзасили уште повеќе.

Знаеме дека меѓу вас има и големи љубители на домашни коктел забави, па затоа одлучивме да споделиме со вас совети за музика која одлично се вклопува со уживањето во вкусовите на коктелите во домашна атмосфера. Верувајте, овие совети ни помагаат и нас за секоја Vigor забава или настан кои ги подготвуваме.

  • Секогаш бирајте музика која има побрз, но лесен ритам, и која предизвикува весело расположение.
  • Комбинирајте повеќе жанрови во една плејлиста за да задоволите повеќе вкусови. Пример, може да направите комбинација од ретро класици, smooth jazz, реге, актуелни поп и рок хитови, сето тоа зачинето со диско музика.
  • Ставете музика од контратсни стилови, за да нема едноличност во музиката. Исто така, вклучете и уникатни преработки на популарни песни, како на пример преработката на “I’ve got you under my skin” од Френ Синатра и Боно од U2.
  • Доколку забавата е со одредена тема, одберете музика која одговара на таа тема. Ако забавата со тема од 60ти, вклучете ретро класици од тој период. Доколку забавата е со Tropical heats, неизбежно е да вклучите реге, smooth jazz. Ако пак главниот коктел е Мартини, тогаш знаете дека музиката од филмовите Џејмс Бонд треба да биде најзастапена.
  • Плејлистата направете ја во три дела: за загревање, за забавата и за опуштање на крајот од забавата. Започнете со вашите моментални омилени хитови, но не ги исклучувајте и оние од минатото.
  • Нивото на енергичност на музиката нека се движи од средно кон високо. Во екот на забавата спора релаксирачка музика може само да направи забавата порано да заврши. На пример, забавата започнете ја со ретро или Lounge музика, нека продоќи со поп и рок хитови, и на крајот завршете со диско музика.
  • Избегнете песни кои траат повеќе од 4 минути. Исто така, не повторувајте повеќе песни од еден ист артист, па дури ни од вашиот омилен артист.
  • За една забава од 2 часа ќе ви бидат потребни отприлика 60+ песни. Од тие, 15 песни се за загревањето, а 15 за крајот на забавата.
  • Плејлистата поделете ја во 10 сегменти од по 4 песни. Во секој сегмент вклучете песни кои се контрасни по стил и темпо, но кои добро се вклопуваат меѓу себе. Редоследот нека биде од најспората кон најбрзата од тие 4 песни. Истото важи и за листите за загревање и за крај на забавата.

 

 

Ние нашето загревање за Vigor Barmen Cup го започнавме со A la la long од Bob Marley и супер ни тргна. Останатиот дел од музиката ќе го чуваме да ве изненадиме на некој нареден Vigor Vodka настан. 🙂

One thought on “Идеална музичка плејлиста за забави со коктели

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*