Коктел во слоеви – како се одредува редоследот

tumblr_lrilk4LnIa1qcyr71

На почетокот на 20-ти век европските градови почнале да добиваат нови кафе-барови во кои посетителите уживале во алкохолни пијалоци послужени во слоеви. Иако овој тренд не траел долго, во 60-тите и 70-тите техниката на подготовка на слоевити пијалоци повторно станала популарна за подготвка на кратки коктели, односно шотови.

Слоевитоста на коктелот произлегува од тежината на секоја состојка на коктелот. Затоа е многу битно да се знае тежината на секој ликер или сируп за кога ќе се сипат еден врз друг, да не дојде до нивно мешање.

Во прилог ви ја презентираме листата со тежина на ликери и сирупи кои најчесто се корситат при подготовка на коктели. Совет: колку е поголема разликата во тежината на сирупите кои се користат, толку се помали шансите да дојде до нивно соединување при сипувањето.

• grenadine- 1.18
• ликер од бадем – 1.16
• кремаст ликер од орев – 1.165
• кремаст ликер од банана – 1.14
• кремаст ликер од како – 1.14
• бел кремаст ликер од како – 1.14
• ликер од кафе – 1.13
• ликер од цреша – 1.12
• зелен ментол кремаст ликер – 1.12
• ликер од јагода – 1.12
• бел кремаст ликер од ментол – 1.12
• blue curacao – 1.11
• amaretto – 1.1
• ликер од боровница – 1.1
• ликер од кајсија – 1.09
• triple sec – 1.09
• бренди од кајсија – 1.06
• бренди од кајсија – 1.06
• бренди од боровница – 1.06
• бренди од цреша – 1.06
• бренди од праска – 1.06
• бренди – 1.04
• џин – 1.04
• вода – 1

Со кои состојки би направиле прво коктел со слоеви? 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*